25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Американската војска пристигна во близина на украинската граница за прв пат толку блиску до Русија по 80 години

Американската 101-ва воздушна дивизија е распоредена во Европа, поточно во Романија, во близина на границата со Украина Ваква одлука е донесена за прв пат по 80 години, поради зголемените тензии меѓу Русија и НАТО.

Лесна пешадиска единица е обучена да се распореди на кое било бојно поле во светот за неколку часа, подготвена за борба. ЦБС ги посети заменик-командантот на дивизијата, генералот Џон Лубас, и полковникот Едвин Матејдес, командант на Вториот борбен тим, на само пет километри од романската граница со Украина.

Американската команда објаснува дека заканата во околината на територијата на НАТО е причината поради која е испратена најелитната дивизија за воздушен напад, со одредена тешка опрема. „Подготвени сме да ја одбраниме секоја педа од територијата на НАТО. Ја носиме единствената способност на нашата дивизија за воздушен напад. Ние сме лесна пешадија, но повторно, носиме мобилност со нас, за нашите авиони и воздушни напади“, рече Лубас за Си-Би-Ес.

Се додава дека околу 4.700 војници од 101-та дивизија во Форт Кембел, Кентаки, биле испратени да го зајакнат источното крило на НАТО.