Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Германскиот концерн предупредува: Овие производи може да исчезнат од продавниците

Gумени мечки Харибо, Принглс, намаз од ориз Бен или сирење Филаделфија наскоро би можеле да исчезнат од малопродажните синџири во Германија и Австрија.

Тоа се продавнициte – Billa, Penny, Adeg, на концернот REWE.

REWE не сака да го прифати планираното поскапување што го најави производителот на познати брендови на производи.

„Ние се гледаме себеси како штит за потрошувачите“, рече шефот на REWE во Австрија, Марсел Харасти.

Во спорот околу барањето за поскапување на одредени големи меѓународни брендови, како што е Марс, не е постигнат договор, вели тој.

Харасти посочува дека во актуелната криза секој треба да даде свој придонес – каде што трговијата има маржа од еден до два отсто, а производителите на познати брендови до 20 или 30 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +