26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Кој е виновен за нападот на мостот на Крим? Зеленски официјално соопшти

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека, колку што е запознаен, Киев не го наредил терористичкиот напад на мостот на Крим.

„Ние дефинитивно не нарачавме такво нешто, колку што знам“, рече Зеленски во интервју за канадската ТВ мрежа CTV, а пренесе агенцијата ТАС С.

Утрото на 8 октомври одекна експлозија на мостот на Крим – беше разнесен камион, по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движеше по железничкиот дел од мостот.

Како резултат на тоа, два коловозни делови од мостот на Крим делумно се урнаа, но лачните носачи не беа оштетени.

Четири лица загинаа, а рускиот претседател Владимир Путин изјави дека зад нападот што го оштети мостот на Крим стојат украински специјални служби.

Директорот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин инцидентот на мостот на Крим го нарече терористички напад, нагласувајќи дека зад него стојат украинските разузнавачки агенции.