Centar.mk
ЛОКАЛНО

Јанчева: Не може да се амнестира директорот на ЈСП за хаосот заедно со градоначалничката

„Управниот одбор на ЈСП е една од точките кои се избираат на предлог на советниците во Град Скопје. Управните одбори беа на предлог на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со нивни потписи се избрани. Не можам да кажам дека управниот одбор треба да се амнестира за хаосот“ изјави советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека освен управниот одбор, ЈСП има и надзорен одбор кој е задолжен за контрола над финансикото работење.

„Тие требало да укажат дека претпријатието генерира загуби и покрај енергетската криза. Ако ЈСП 2021 година ја завршило со 2 милиони долг, сега долгот е над 7 милиони. На се тоа нема никаква реакција од надзорниот одбор, па кажете како не се виновни?“ рече Јанчева.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК