Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Јовановски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го уништи Влен и ќе го зајакне ДУИ за локалните избори догодина

„ВМРО-ДПМНЕ ризикува да го уништи сопствениот партнер, Влен, ако ескалираа оваа приказна со Грци и Бугари на врат, затворање на европската перспектива“ рече новинарот Борјан Јовановски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека за година и половина од сега, кога се локалните избори, доколку европската агенда не заживее со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Влен може да исчезне од политичката сцена.

„Замисли ги ДУИ, ако од сега до локалните избори оваа европска перспектива влезе во кал. Ќе се вратат, ќе го девастираат Влен“ рече Јовановски.

Заедно со ководителот Сашо Ордановски, се согласија дека можеби понекогаш е потребно да се игра и да се прави притисок кон меѓународната заедница, но тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прави сега не е притисок врз Брисел, за побрзо членство и отворање на европската перспектива, туку се провокации кон Атина.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК