Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци

Соопштение на ОЈО:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено дека сторило кривични дела – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Против лицето беше поведена истражна постапка откако на 14 мај, при вршење семејно насилство, во семејниот дом во Стајковци, тој со умисла ги лиши од живот својот брат и снаата.

Осомничениот прво ја нападнал снаата, удирајќи ја повеќе пати со метална шипка по главата, а потоа го пресретнал и братот на кого исто така со шипката му нанел смртоносни повреди.

По настанот осомничениот беше хоспитализиран. Бидејќи со подобрување на неговата здравствена состојба постои опасност тој да се даде во бегство, јавниот обвинител оцени дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на истрагата, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување таква мерка.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Студентите ќе добијат поширок пакет привилегии, попустите ќе достигнуваат и до 50 проценти

ДЕСК

Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките?

ДЕСК

Стојкова Серафимовска: Младите и младинскиот стандард во фокусот на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа сведочат и трите нови мерки

ДЕСК