14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Ескалација: Иран се приклучува на војната?; „Тие веќе се на Крим“

Институтот за проучување на војната објави нова анализа за ситуацијата во Украина. Овој пат се фокусираа на односите меѓу Иран и Русија.

Сегашни и поранешни американски функционери потврдија за „Њујорк тајмс“ дека членовите на иранскиот корпус на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) се на Крим за да ги обучуваат руските сили за употреба на ирански беспилотни летала што ги купиле. На 12 октомври, Институтот за проучување на војната процени дека целиот ирански персонал во Украина најверојатно ќе биде инструктори за беспилотни летала на ИРГЦ.

„Њујорк тајмс“ објави дека останува нејасно дали иранските тренери сами управуваат со беспилотните летала или само ги учат руските сили како да го сторат тоа.

„Од средината на септември, руските сили насочија десетици ирански беспилотни летала „Шахед-136“ против цивилни цели во Украина, давајќи им приоритет на психолошките ефекти на теророт врз украинските цивили, наместо да постигнат опипливи ефекти на бојното поле“, соопшти Институтот за проучување на војната.

Спонзорирано: