23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски: „Нема да може да нè скршат“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментира нападите утринава врз Киев.

„Цела ноќ и цело утро непријателот ги тероризира цивилите. Беспилотни летала и ракети ‘камикази’ ја напаѓаат цела Украина“, истакна Зеленски.

„Погодена е станбена зграда во Киев. Непријателите може да ги нападнат нашите градови, но нема да може да нè разбијат. Окупаторите чекаат праведна казна и осуда на идните генерации. Ќе избереме победа“, напиша Зеленски на „Телеграм“.