18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Русија: Автобускиот сообраќај преку мостот на Крим повторно работи

Автобускиот сообраќај повторно се одвива преку мостот на Крим, кој до денеска беше отворен само за автомобили, соопшти руското Министерство за транспорт.

„Утринава беа обновени автобуските линии во двете насоки. Претходно автобусите користеа траекти. Сега патниците можат да го минуваат Кримскиот мост со автомобил, воз, но и автобус“, соопшти Министерството, пренесува ТАСС.

Утрото на 8 октомври одекна експлозија на мостот на Крим – беше разнесен камион, по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движеше по железничкиот дел од мостот.

Како резултат на тоа, двете патни делници на Кримскиот мост делумно се урнаа, но лачните носачи не беа оштетени. Четири лица загинаа, а рускиот претседател Владимир Путин изјави дека зад нападот што го оштети мостот на Крим стојат украински специјални служби,пренесе Блиц.рс.