14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Камион и минибус се судрија во Италија, шестмина загинати

Шест лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопат во северна Италија.

Судирот меѓу минибус и камион се случил попладнето во регионот Венето, објавија пожарникарите на Твитер.

Едно лице преживеало и се здобило со тешки телесни повреди.

Фотографиите направени од спасувачките служби покажаа дека минибусот е целосно уништен, смачкан под камионот.

Според новинската агенција Анеси, жртвите се возачот и пет лица со попреченост кои патувале во минибусот.