10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Маск: Да и се даде на Кина контрола над Тајван

Американскиот бизнисмен Илон Маск сугерираше дека тензиите меѓу Кина и Тајван може да се решат со тоа што на Пекинг ќе му се даде одредена контрола над Тајван, на што тајванските власти одговорија дека Маск треба да ангажира сериозен советник.

„Мојот предлог би бил да се излезе со посебна административна зона за Тајван, што веројатно нема да ги израдува сите“, рече тој во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Маск го изјави ова како одговор на прашањата за Кина, каде што неговата компанија Тесла Моторс, која произведува електрични автомобили, работи со голема фабрика.

Тајванскиот функционер одговорил дека американскиот бизнисмен треба да ангажира сериозен политички советник.

„Светот јасно виде што се случи со Хонг Конг“, рече тајвански функционер, кој сакаше да остане анонимен бидејќи не беше овластен да зборува со медиумите.

Кина го гледа Тајван како една од нејзините провинции, а Пекинг долго време вети дека ќе го врати островот под кинеска контрола, не исклучувајќи ја употребата на сила доколку е потребно.

Владата на Тајван се противи на тврдењата на Кина и вели дека само 23 милиони жители на островот можат да одлучат за нивната иднина,пренесуваат медиумите.