14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Во Лиман пронајдена масовна гробница со 180 тела, меѓу кои и деца

Високиот функционер на украинската полиција Јевхен Жуков објави дека е пронајдена масовна гробница со 180 тела, меѓу кои и деца, во Лиман во областа Доњецк.

– Ослободениот град Лиман во Доњецката област. Овде е откриена масовна гробница во која се закопани 180 луѓе – напиша Жуков на Телеграм, пренесе Укринформ.

Според неговите тврдења, во масовна гробница наводно биле пронајдени цели семејства, а меѓу нив имало и тела на деца.

Жуков не понуди докази за да ги потврди овие наводи, а Москва сè уште не го коментираше ова прашање.