14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Загинаа 38 лица во масакрот во градинката во Тајланд

Бројот на жртвите во нападот на поранешен полицаец врз детска градинка во североисточниот дел на Тајланд се искачи на 38 лица, а меѓу загинатите има најмалку 22 деца, соопшти портпаролот на тајландската полиција.

Напаѓачот извршил самоубиство по злосторството, во кое ги убил и сопругата и детето.

Децата биле убиени во сон, пренесува „Скај њуз“. Напаѓачот провалил во собата во која спиеле децата. Најмалата жртва имала само 2 години. Меѓу убиените е и наставничка која била во осмиот месец од бременоста.

Полицијата го идентификуваше напаѓачот како поранешен припадник на полициските сили, кој бил отпуштен од должност минатата година и бил предмет на тужба поврзана со наркотици.

„Тој беше на судење претходно во текот на денот, а потоа отиде во градинка да го земе своето дете“, изјави портпаролот на полицијата за локалните медиуми.

До пукањето дошло во градинка во Нонг Буа Лампу, во североисточниот дел на Тајланд, каде што ретко се случуваат масовни убиства.