12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на Законот за здруженијата

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе достави закон за изменување и дополнување на Законот за здруженијата и фондациите по закажаното за денес отворање на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

„Што се смени од 2016 за да може да се регистрираат здруженија со имиња на фашисти во Македонија? ВЛАДАТА СЕ СМЕНИ И ТРЕБА ШТО ПОБРГУ ДА ЗАМИНЕ!!! Оваа Влада бесрамно и без око да ѝ трепне оживува вредности на Третиот Рајх. Тоа не се вредностите на антифашистичка и херојска Македонија. На нашата Македонија“, напиша на социјалните мрежи Рашела Мизрахи, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе доставиме закон за изменување и дополнување на Законот за здруженијата и фондациите, па мнозинството нека не го гласа и јавно, јасно и гласно нека каже дека е на погрешната страна и на историјата и на сегашноста. Смрт на фашизмот – слобода на народот“, напиша Мизрахи.

ВМРО-ДПМНЕ вчера повика на масовен протест по повод отворањето на вториот бугарски културен клуб во Македонија, што ќе го носи името „Цар Борис Трети“, а кој бил на чело на бугарската држава за време на Втората светска војна.

Македонското МНР апелира на зрело и достоинствено однесување. Министерството порача дека треба да се почитува загарантираната слобода на здружување и не го осуди отворањето на клубот.