Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Бајден: Путин не се шегува, ова е најголема можност за апокалипса од Кенеди и кубанската криза

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека руските закани за употреба на нуклеарно оружје во конфликтот во Украина го ставаат светот во ризик од „апокалипса“ за првпат по кубанската ракетна криза.

„Не се соочивме со можност за апокалипса од Кенеди и кубанската ракетна криза во 1962 година“, рече Бајден во Њујорк, додавајќи дека верува дека неговиот руски колега Владимир Путин „не се шегува“ кога ги упатува овие закани.

Опишувајќи го рускиот претседател, Бајден рече дека „добро го запознал момчето“..

Путин постојано алудира на употребата на огромниот нуклеарен арсенал на неговата земја.

Минатиот месец, кога ги објави плановите за регрутирање руски мажи да служат во Украина, тој рече:

„Сакам да ве потсетам дека и нашата земја има различни средства за уништување и кога територијалниот интегритет на нашата земја и нашиот народ се загрозени, секако ќе ги искористиме сите средства што ни стојат на располагање“.

Потоа додаде дека тоа што го зборува „не е блеф“.

Спонзорирано: