22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски во сеќавање на Глигоров: Великан на македонската државност кој ги спои АСНОМ 1944 и 8 Септември 1991 година и го трасираше патот за европска иднина

ФБ статус на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски:

„Ние со сите наши соседи сакаме да имаме добри, пријателски односи, да имаме што поотворени граници и да се свртиме кон оние проблеми кои нè обединуваат, кои бараат заемна соработка – економска, политичка, и друга… И да ја оставиме историјата на страна. На Балканот, за жал, многу се живее од историјата.” – изјави визионерски претседателот Киро Глигоров.

Великан на македонската државност кој ги спои АСНОМ 1944 и 8 Септември 1991 година и го трасираше патот за европска иднина.

Таа непоколеблива посветеност кон нашата земја инспирира и служи како компас во нашите современи напори за напредок и развој.
Слава му!🇲🇰