7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Тренчевска по повод Светската недела на детето: За нас секое дете е важно

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, денеска, по повод Светската недела на детето, ги посети дневниот центар за аутизам во Штип и еден мал групен дом. Како што и самата тврди, поминатото време со децата е квалитетно поминато време од кое има само убави спомени.

Дневниот центар за аутизам е со капацитет за дневно згрижување од 15 деца. Со решение за Центарот за социјална работа во Штип услугата ја користат 6 деца, од кои активно во моментот ја користат 5 деца.

„Како Министерство за труд и социјална политика имаме надлежност на детската заштита и можам да кажам дека тоа е еден од секторите за кој најмногу се залагаме затоа што развојот на децата во здрава средина е од особено значење. Сметам дека, пред сè, треба да го почитуваме интегритетот на едно дете, како и неговите права“, рече Тренчевска.

Таа истакна дека пред државата сите деца се исти и дека Владата и Министерството за труд и социјална политика постојано се залага за поинтензивно имплементирање на Конвенцијата за правата на децата, како и воведување политики и мерки, кои позитивно влијаат на децата.

Освен Центарот за аутизам во Штип, има и Дневен центар за лица со интелектуална или телесна попреченост со капацитет од 20 деца, каде што во моментот услугата ја користат вкупно 16 лица, од кои активно ја користат 13 лица.

Тренчевска истакна дека сите деца што се под нејзина и под заштита на Министерството за труд и социјална политика еднакво се третирани и заслужни за внимание и љубов. Во таа насока беше и посетата на малиот групен дом, каде што се сместени 5 деца, кои се вклучени во редовен образовен процес.

Спонзорирано: