16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: pm.gc.ca
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Трудо: Канада ќе воведе нови санкции кон Москва поради лажните референдуми

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека неговата земја ќе воведе дополнителни санкции кон Русија како одговор на „лажните референдуми“ одржани на украинските територии контролирани од Москва.

Тој рече дека Канада никогаш нема да ги признае резултатите од тие референдуми или обиди за нелегална анексија на украински територии од Русија

Трудо истакна дека Канада активно соработува со меѓународните партнери и сојузници и дека земјата има намера да воведе нови санкции против лица и субјекти кои учествуваа во овој последен обид за нарушување на суверенитетот на украинската држава и одговорните за воените страдања во Украина.

„Имаме намера да воведеме нови санкции против лица и субјекти кои се соучесници во овој последен обид за поткопување на принципот на државниот суверенитет и кои ја споделуваат одговорноста за сегашното бесмислено крвопролевање низ Украина“, се вели во соопштението на Трудо.

Проруските власти во четири региони на Украина контролирани од Москва вчера објавија дека огромното мнозинство жители гласале за приклучување кон Руската Федерација, по пет дена гласање на референдумот што Киев и западните лидери однапред го отфрлија како „фарса“, наведува британската агенција.

Спонзорирано: