Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во Чиле

Земјотрес со прелиминарна јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди во синоќа Пацификот крај јужниот дел на Чиле, но нема извештаи за материјална штета.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 10 километри под површината, на околу 142 километри западно од Анкуд, град на 1.120 километри јужно од чилеанската престолнина Сантијаго.

Националната канцеларија за вонредни состојби објави во твит дека властите проверуваат за каква било „можна штета“.

Хидрографската и океанографската служба на чилеанската морнарица ја отфрли можноста за цунами.

Чиле се наоѓа покрај таканаречениот Пацифик „Огнен прстен“ и има чести земјотреси.

Во 2010 година, земјотрес со јачина од 8,8 степени предизвика разорно цунами во кое загинаа 526 луѓе и уништи повеќе од 220.000 куќи во јужните и централните делови на земјата.