19.8 C
Скопје
24. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаCentarСвет

(ВИДЕО) Снимка од регрутен центар во Русија: „Што плачете како жени? Сега сте во војска“

Два дена откако рускиот претседател Владимир Путин објави делумна мобилизација на военоспособното население за војната во Украина, повеќе видеа кои наводно сведочат за тоа како се одвива мобилизацијата во пракса, се појавија на социјалните мрежи.

Руски мажи веднаш почнаа да бегаат од земјата веднаш по објавата на Путин, авионските билети кон Белград и Истанбул чинат по неколку илјади евра и нема слободни места, а километарски редици се создадоа на границите на Русија со Финска и Грузија.

Денеска се појави снимка која стана вирална, споделена и од новинарот на „ABC News“, Патрик Ривел. На неа може да се види како претпоставен им се обраќа на насобраните регрути, кои гласно го изразуваат своето незадоволство.

„Сега сте во војска, сите сте војници! Зошто врескате како жени? Затворете ја устата и однесувајте се прикладно, зошто викате? вели униформиран човек на толпата, а потоа додава: “Сега сте во војска. Тоа е тоа. Игрите завршија. Сега сите сте војници!”, извикува офицерот кон регрутите, кои гласно негодуваат.

„Тука сте три дена. Потоа е летот, а вашата обука започнува за две недели. Потоа, распределб на единици. Ќе бидете платени како да сте на договор, во зависност од вашиот чин. Ќе добиете борбена плата, статус на ветеран, сè до крајот на специјалната операција, а потоа си одите дома“, вели регрутерот. Нема да бидете отпуштени од работа, вашите позиции се резервирани“, им вели офицерот на регрутите.