3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Фон дер Лајен со предупредување до десницата во Италија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја предупреди Италија за последиците доколку отстапи од демократските принципи, испраќајќи едвај прикриена закана пред изборите во недела, на кои се очекува да победи десничарскиот блок предводен од Џорџо Мелони.

Коментарите укажуваат на загриженост во некои европски метрополи за претстојните избори и сугерираат дека односите меѓу Брисел и Рим би можеле да станат турбулентни доколку победат Мелони и нејзините партнери.

„Мојот пристап е дека која демократска влада е подготвена да работи со нас, ние работиме заедно“, рече фон дер Лајен на Универзитетот Принстон во САД во четвртокот, на прашањето дали има загриженост за претстојните избори во Италија.

„Ако работите тргнат во тешка насока… Зборував за Унгарија и Полска, ги имаме алатките“ – додаде таа.

Спонзорирано: