8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Бајден прогласи вонредна состојба во Порторико поради тропската бура Фиона

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска прогласи вонредна состојба во Порторико бидејќи тропската бура Фиона се приближува до островот со голема брзина.

Вонредната состојба и овозможува на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) да ги координира напорите за помош при катастрофи и да обезбеди итни заштитни мерки, се вели во соопштението на Белата куќа.

Фиона се приближува со речиси брзина на урагани, а обилни врнежи и лизгање на кал се очекуваат низ Порторико и Доминиканската Република, соопшти денеска Националниот центар за урагани на САД.