19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Возач на училишен автобус 10 минути држел затворена 13 годишна ученичка за да и изјави љубов

Возач на училишен автобус во Лос Анџелес ѝ се предал на полицијата во вторникот вечерта по бизарен инцидент во кој учествувала 13-годишна ученичка.

Според WBRZ, Кристофер Таплин (33) требал да ја остави ученичката пред училиштето во понеделникот наутро, но тој не го сторил тоа.

Полицијата тврди дека возачот им дозволил на останатите ученици во автобусот да излезат од возилото, освен 13-годишното девојче. Потоа продолжил во гимназијата каде ги оставил останатите ученици, додека не останал сам со малолетничката.

После тоа, возачот наводно останал сам со девојката во автобусот околу 10 минути.

Според полицајците, кога Таплин останал сам со ученичката, почнал да и изразува наклонетост и да и кажува дека ја сака. Кога завршил со изјавување љубов, на крајот ја оставил ученичката пред нејзиното училиште и и дозволил да го напушти возилото.

Полицијата во средата соопшти дека Таплин оставил необична говорна пошта за семејството на детето, откривајќи дека ја сака и ја гледал откако тргнала на училиште.

Учениците кои патуваат во истиот автобус изјавија дека се изненадени од однесувањето на возачот.

– Овој инцидент остави многу семејства во шок бидејќи Таплин е многу поврзан со заедницата – соопшти полицијата.

Таплин моментално се соочува со обвиненија за лажно затворање, киднапирање и следење на малолетник. Полицискиот оддел, исто така, забележа дека Таплин не работел директно за училишниот систем, туку возел училишен автобус за училишниот систем Западен Батон Руж.

Во меѓувреме му престанал работниот однос.

Спонзорирано: