17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТИЗБОР

(Видео) Поплавени патишта и подруми на куќи во Хрватска, на терен пожарникари и волонтери

Во централниот дел на Хрватска се уште има големи проблеми поради дождот кој паѓаше неколку дена, на горниот тек на реката Купа во областа Карловац преземени се мерки за одбрана од поплави, додека најтешка е состојбата во градот на Озаљ, каде што биле затворени четири патишта, а водата навлегла во подрумите на куќите.

„ Водостојот на Купа во Карловац е 790 см и го надмина рекордното ниво од 1966 година, така што сите загрозени подрачја се заштитени, изјави генералниот директор на Хрватски води, Зоран Ѓуроковиќ.

Во областа Озаљ се уште не е познат точниот број на објекти оштетени од поплавите, ниту пак размерите на материјалната штета, која допрва треба да се утврдува. Поплавени се и четири главни патишта, па пристапот до Озаљ е отежнат, а жителите велат дека не паметат ваква поплава, пренесуваат хрватските медиуми.

„ Дождот престана, но нивото на водата не опаѓа. На терен има 30 пожарникари, ни помагаат и волонтери. Сега ќе ни треба чамец затоа што само со него можеме да стигнеме до некои места“, рече шефот на противпожарната служба Марко Удиковиќ.

Итните служби се уште се на терен во бјеловарско-билогорската жупанија, каде невремето опустоши речиси половина од областа, а дождот ја отежнува рехабилитацијата. Метеорологот на ХРТ, Зоран Вакула изјави дека во наредните денови врнежите од дожд ќе изостанат или ќе бидат само ретки и во мали количини.