7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес го погоди Тајван, има опасност од цунами

Земјотрес со јачина од 6,76 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Тајван. Ова е втор силен земјотрес за помалку од 24 часа. Засега нема информации за евентуална штета. Постои голем ризик од цунами.

Вчера земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот дел на Тајван.

Нема информации за причинета штета или евентуални жртви.

Земјотресот го почувствуваа и Јапонија, Кина и Филипините.

Земјотресот бил на длабочина од 7,3 километри со епицентар во округот Таитунг, ретко населен дел од островот, соопшти тајванското метеоролошки биро.

Спонзорирано: