11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Германскиот канцелар: Путин не го почитуваше енергетскиот договор, тој е виновен за оваа ситуација

Владимир Путин е виновен за економските тешкотии со кои се соочува Германија, изјавил денеска германскиот канцелар Олаф Шолц при објавувањето на пакетот мерки за ублажување на порастот на трошоците за живот, пренесуваат регионалоните медиуми.

„Русија на Путин ги прекрши договорите“, веќе некое време не ги исполнува обврските за испорака“, рекол Шолц и оценил дека Русија повеќе не е сигурен снабдувач на енергија.

„Протокот на гас што го испорачува руската енергетска компанија се намалува во последните месеци, а во петокот најави дека ќе биде прекинат на неодредено време поради истекување нафта во компресорската станица. Смртта и уништувањето во Украина се најлошите последици од војната на Путин“, рекол Шолц, изразувајќи емпатија за Германците кои стравуваат од пораст на цените, стои во написите.

„Причината за оваа многу, многу тешка ситуација е руската инвазија на Украина“, рекол германскиот канцелар, но завршил со оптимистичка порака: „Ќе ја поминеме зимата“.

Германската влада денеска објави дека ќе обезбеди пакет помош во вредност од над 65 милијарди евра за своите граѓани за да им помогне да се справат со зголемените трошоци за енергија и воопшто со инфлацијата.

Спонзорирано: