20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Лукаревска: Антикризните мерки ќе бидат навремени, тие не се спринт, туку маратон

„Антикризните мерки ќе бидат навремени бидејќи се следи ситуацијата, наплатата и капацитетите на државата. Навремено ќе информираме и навремено ќе бидат имплементирани мерките. Ова не е спринт да го истрчаме набрзина, туку маратон“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Таа додаде дека со ребалансот на буџетот УЈП има задача да собере поголем број на средства и најави дека Владата ќе продолжи со мерките во земјоделството, субвенционирањето на платите, пензиите.

„Предвидени се 3,2 милијарди повеќе за земјоделството, имаме предвидено средства за МојДДВ 2,2 милијарди, за гарантирана социјална помош 2,5 милијарди, ќе продолжи субвенционирањето на придонесите за плати, имаме средства за зголемени пензии, имаме повеќе средства за енергетска ефикасност, за сузбивање на енергетската сиромаштија“ истакна Лукаревска.

Таа додаде дека сите се свесни дека не чека тешка есен и долга зима, па поради тоа Владата и економскиот тим навремено ги прават плановите за помош на граѓаните и стопанствата.