11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Лукаревска: Целта на сите политички чинители мора да е европската агенда, не смееме да ја испуштиме оваа шанса

„Мислам дека целта е една и едиснтвена, а тоа е вропската агенда. Сметам дека во парламентот има прогресивни сили кои знаат што значи оваа шанса која не смееме да ја испуштиме. Оптимист сум дека ќе се изнајде позитивно решение“ рече заменик-претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 во врска со уставните измени.

Таа додаде дека македонскиот јазик е потврден во преговорите, заштитен е македонскиот идентитет и историските прашања се тргнати надвор од преговарачкиот процес, поради што прашањето за референдум е непотребно.

„Треба да се посветиме, да ги сработиме домашните задачи. Да направиме соодветни реформи, да се подобриме каде што заостануваме, каде што сме добри да сме уште подобри. Сега не е ни време ни место за референдум. Треба да покажеме дека сите сме си потребни сега“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека очекува дека пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата ги претставуваат граѓаните и дека поради тоа нема да ја попречат ЕУ перспективата на земјава, која ја добивме после долго време.

„Не е време за блокади и уназадување, мора да одиме напред, заеднички, сите во овој процес“ рече Лукаревска.

Спонзорирано: