17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
gir
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Гир: Северна Македонија недвосмислено ги започна преговорите за членство во ЕУ

„Добрата вест е што минатата недела ЕУ ги започна преговорите за пристапување со Северна Македонија и Албанија. Пред неколку месеци и јас не бев сигурен дека сега ќе можам да го кажам тоа, но ова се одлучни вести. Ова е историски напредок како за земјата, така и за ЕУ“ изјави евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Канал 5.

Тој додаде дека започна одобрувањето до полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ и потврди дека започнува скрининг процесот.

„Преговарачката рамка за Северна Македонија е одобрена од Европскиот Совет. Започнува првата етапа од скрининг процесот т.н. објаснувачки скрининг, кога Европската комисија заедно со Северна Македонија го гледа процесот и идентификува што треба да се направи. Доброто е што веќе ЕУ започна подготвителен скрининг пред неколку години“ кажа Гир.

Евроамбасадорот објасни дека по објаснувачкиот, следува билатералниот скрининг каде што структурирано и интензивно се гледаат нормите и законите на сила во Северна Македонија и се идентификуваат празнините што треба да се пополнат како и одредниците што треба да се направат за напредок.