13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
gir
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Гир: Со пристапниот процес заштитени се идентитетот и интересите на Северна Македонија

„Постигнат е договор со кој Северна Македонија ги започна преговорите и скрининг процесот. Имаме договор што ги штити интересите и идентитетот на земјата и помага да се оствари стратешката цел, членство во ЕУ“ изјави евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Канал 5.

Тој додаде дека Преговарачката рамка е усвоена од Европскиот совет и доколку не се случат уставните промени, обврска која Северна Македонија ја презеде во билатералниот протокол со Бугарија, најверојатно сценарио е дека процесот ќе запре.

„Скринингот ќе продолжи до одредено ниво и ќе застане процесот, ќе се чека одлуката на Северна Македонија. Тоа нема да биде поради интервенција на трета земја или вето, туку поради одлука на Северна Македонија да се повлече од преземените обврски кон Бугарија“ потенцираше Гир и додаде дека менувањето на Уставот е суверена одлука на земјата.

Евроамбасадорот упати уверување дека преговарачкиот процес ќе се изведува според европските принципи и стандарди и дека и Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел јасно кажаа дека идентитетските прашања не може да бидат дел од условите и одредниците во преговорите.

Спонзорирано: