5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Хенри Кисинџер: Украина не треба да ѝ отстапи ниту еден дел од својата територија на Русија

Геостратегот и поранешен државен секретар на САД, Хенри Кисинџер, го промени својот став за руската агресија врз Украина, велејќи дека Украина не треба да отстапи ниту еден дел од својата територија во евентуалните мировни преговори.

Тој го советуваше ова во интервју за германскиот јавен сервис ЗДФ и го повика Западот да биде јасен за тоа што може и што не може да се преговара.

Тој посочи дека темите на разговор треба да се утврдат во консултација со Украинците. Ваквиот став на Кисинџер е сосема спротивен од оној што го имаше во мај.

Потоа, на Светскиот економски форум (СЕФ), на кој зборуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Украина треба да отстапи дел од својата територија за да воспостави мир.

Можеби ќе ве интересира

Кисинџер до Зеленски: Не сум го кажал тоа

M T

Зеленски со остри критики кон Хенри Кисинџер

M T

Кисинџер: „Ако наскоро не дојде до мир, на Европа и се заканува уште поголема војна“

M T