15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

18 лица загинаа во рација на бразилската полиција во Рио де Жанеиро

Најмалку 18 лица се убиени во вториот по големина град во Бразил, Рио де Жанеиро, за време на голема полициска рација во сиромашна населба, соопшти државната воена полиција.

Оперативни тимови на цивилната и воената полиција на Рио де Жанеиро вчера извршија рација во комплексот Алемао, група фавели во северниот дел на градот, како дел од операцијата против организирана криминална група осомничена за повеќекратни кражби и грабежи на банки, како и што се однесува до планирањето напади врз сиромашните квартови, се вели во соопштението на воената полиција.

Во акцијата учествуваа околу 400 полицајци, четири авиони и 10 оклопни возила.

Поради големиот број загинати, оваа полициска акција поттикна истрага за можни прекршувања на човековите права, наведува британската агенција.

– Има знаци на големи прекршувања на човековите права и оправдано сомневање дека ова е една од операциите со најголем број смртни случаи во Рио де Жанеиро – се наведува во соопштението на државниот омбудсман.

Полициските сили на сојузната држава Рио редовно вршат вакви рации во сиромашните квартови на градот, насочени против криминални групи, во кои често има неколку мртви луѓе и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој ги поддржува таквите полициски тактики во борбата против организиран криминал, изјави претходно „дека се надева дека криминалците ќе умрат на улиците како лебарки“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Голема рација во Германија – 800 полицајци со оклопно возило упаднаа во простории на мотоциклистичка група

M T