3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голема рација во Германија – 800 полицајци со оклопно возило упаднаа во простории на мотоциклистичка група

Околу 800 полицајци провалиле во клупската куќа и становите на членовите на моторџиска група „Пеколни ангели“ во Германија.

Рацијата била спроведена во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, а полицијата ја започнала акцијата во потрага по нови докази во врска со брутално убиство на еден од членовите на групата, извршено во 2014 година.

Интервентната полиција и специјалните сили користеа оклопно возило и извршија претрес во најмалку 20 згради, велат службениците во Дуизбург и Менхенгладбах.

Рациите резултираа со апсење на едно лице. Главниот осомничен, истакнат член на „Пеколните ангели“ во Оберхаузен, избегал во странство.

За самото убиство, што беше причина за рацијата, се пишуваше и порано. Во 2014 година, минувачи ја открија отсечената и тетовирана рака на жртвата во реката Рајна, а два месеци подоцна беше пронајдено телото на еден човек. Се верува дека човекот е убиен затоа што неговите колеги од „Пеколни ангели“ верувале дека соработува со полицијата.

Покрај убиството во 2014 година, членовите на групата се осомничени и дека се вмешани во два обида за убиство во 2013 година. Пребарувања имало и во Леверкузен и Милхајм, исто така во Северна Рајна-Вестфалија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Двајца полицајци прободени со нож во центарот на Лондон

M T

18 лица загинаа во рација на бразилската полиција во Рио де Жанеиро

M T

Министерот Спасовски ги посети повредените полицајци во вчерашниот јавен собир

M T

Двајца битолчани нападнале полицајци на кошаркарски натпревар

M T

Турски државјанин со возило удрил тројца полицајци во Словенија

M T

Полицајци убиени за време на рутинска сообраќајна контрола во Германија

M T