16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Откако ВМРО-ДПМНЕ ја навредуваше дека е нацист сега вели Фон дер Лајен лаже

-ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание ја навредуваше претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен и претставниците од ЕУ ги прогласи за нацисти. И наместо да се извинат, денеска продолжуваат, ВМРО-ДПМНЕ вели дека Фон дер Лајен лажела, соопшти СДСМ.

„Александар Пандов, претседател на партискиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, јавно рече дека Фон дер Лајен во македонското собрание лажела за македонскиот јазик.

Целата македонска но и меѓународна јавноста имаше можност да чуе дека Фон дер Лајен во име на Европската комисија потврдува дека сме Македонци кои говорат македонски јазик и дека тоа ЕК го почитува.

Секогаш кога македонскиот јазик идентитет и посебност се потврдени, секогаш кога државата прави исчекор кон ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем и се нервозни.

Ова е срамно однесување на ВМРО-ДПМНЕ за секаква осуда и за кое треба да се извини.“ – се вели во соопштението.