8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Францускиот предлог за ветото стигна во бугарското собрание

Францускиот предлог за одлука за ветото на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ е испратен до Комисијата за надворешни работи на бугарското собрание, пишува БНР повикувајќи се на два независни извори од парламентот.

Француската амбасадорка во Бугарија Флоренс Рубин вчера се сретна со пратениците од Групата за пријателство со Франција во собранието. На оваа средба се разговараше за документот. Се расправаше и за тоа дали органите на власт го имаат потребното мнозинство да го прифатат, пишува бугарскиот медиум.

Подоцна, копретседателот на ДБ, Христо Иванов, на маргините на парламентот објасни дека ќе биде успех за Бугарија доколку Скопје се согласи да ги прифати бугарските услови и ЕУ стане гарант за нивното спроведување.

Во средата, Советот на министри одлучи сите предлози за преговорите со Северна Македонија, освен сегашната бугарска позиција, да бидат одобрени од бугарското собрание.

Пред една недела токму оваа тема стана причина за заминувањето на владејачката коалиција од ИТН, а лидерот на партијата Слави Трифонов постапките на премиерот Кирил Петков ги оцени како национално предавство.

Македонскиот политички врв се’ уште немал увид во документот, а неофицијално, според информациите предлогот содржи вклучување на бугарските услови во преговарачката рамка.