22.8 C
Скопје
5. јули 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија Во тренд...

Почината жена пронајдена во водите на реката Бошава

Во полициската канцеларија во Демир Капија вчера претпладне било пријавено дека на местото викано Новиот мост, на брегот кај вливот на река Бошава во река Вардар било пронајдено починато женско лице.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за Љ.А. (74) од Демир Капија.

На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.