17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Каевски: Криминално стекнатата Бела плата да се продаде и со парите да се помогне на граѓаните

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, при реплика во расправата за ребаланост на буџетот во собраниската комисија за финансирање и буџет истакна дека опозицијата презентира бројки како што сака, се’ со цел да се оцрни она што може да се оцрни и да се прави перцепција меѓу граѓаните дека нешто не е како што треба, дека треба да има протести, за да најде начин да дојде на власт.

„Ги вадите само лошите аспекти и наведувате дека сте против ребаланост, затоа ве прашувам дали сте против покачување на платите во образованието и платите во сите сектори, дали сте против покачување на пензиите, дали сте против подобрување на стадардот и полесно справување на граѓаните во овие тешки моменти, дали сте против пакетот мерки кои се опфатени во овој ребалнс, против таквата помош кон граѓаните“, нагласи Каевски.

Тој истакна дека од ВМРО-ДПМНЕ се контрадикторини, тие се против задолжување, против тоа да има приходна страна од даноци и акцизи, а сакаат повисоки плати .

„Ако сте за тоа, ајде сите како пратеници да побараме час поскоро Талир2 да се реализира, Белата плата и седиштата кои се криминално стекнати да се продадат и тие пари дополнително да ја покријат дупката во буџетот настаната од светските кризи, економска, енергетска и од агресијата на Русија врз Украина, теписите, лусетрите, паркетот вазната видовме колку вредат и колку ќе продонесат за да им се помогне на граѓаните“, повика пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.