12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Двајца американски доброволци заробени во Украина: Добиле информација дека градот е чист, а во него има Руси

Двајца американски војници, Александар Друек и Енди Хајн, беа заробени за време на жестока битка во близина на Харков минатата недела. Тие служеа како доброволци во редовната единица на украинската армија.

Најпрвин нивните соборци рекоа дека се заробени, а потоа нивните семејства истакнаа дека со денови немаат слушнато. Семејството нема никакви информации за Хајн од 8 јуни. Од друга страна, мајката на Друек неделава стапила во контакт со канцеларијата на американскиот пратеник Тери Сувел откако изгубила контакт со него.

Американските власти соопштија дека ги истражуваат извештаите дека сепаратистичките сили во Украина заробиле најмалку двајца американски државјани. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека не може да ги потврди извештаите за исчезнати Американци.

– Украина не е безбедно место за Американците. Ако сакате да ја поддржите Украина, има многу други начини да го направите тоа, кои се побезбедни и подеднакво ефективни – рече тој.

Британски Телеграф пишува дека апсењето на двајца Американци во Украина би можело да биде дипломатски чувствително бидејќи Кремљ би можел да се обиде да го искористи настанот како доказ дека Америка е директно вклучена во војната. Владимир Путин, рускиот претседател, најверојатно ќе бара големи отстапки за нивно ослободување.

Соборец на двајцата наводно заробени Американци изјави за Телеграф дека Друке и Хајн биле заробени откако налетале на голема руска единица минатиот четврток.

– Бевме на мисија, но имавме неточни информации. Ни кажаа дека градот е чист, а испадна дека Русите веќе го напаѓаат. Тие дојдоа по пат со два тенкови Т-72 и повеќе оклопни возила и околу 100 војници. Сè што имавме таму беше нашата единица од околу 10 луѓе. Зазедовме одбранбена позиција, а Друке и Хајн испукаа ракета кон руското возило и го уништија. Ова, за жал, го привлече вниманието на еден од руските тенкови, кој испука истрел во нивна насока – рече тој.

Тој додаде дека подоцна подигнале дронови за да ги бараат, но не ги нашле. Тој тврди дека биле заробени затоа што ако биле погодени, нивните тела сигурно би биле пронајдени.