22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Таравари: Едно од барањата во преговорите за Владата ни е Претседател на Собрание

„Се уште немаме отворено дискусија за кадровските прашња. Се надевам дека ќе имаме претседател на Собрание, тоа ќе биде едно од барањата“ рече Арбен Таравари од Влен на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека треба да се изберат најдобрите можни кадровски решенија за да албанската опозиција покаже дека е подобра од ДУИ.

Таравари исто така повтори дека условот за уставните измени е тие да се направат во првите шест месеци, односно до почетокот на следната година.

„Имаме поддршка од меѓународниот фактор, што е добро. Се видов и со Ванхојт, кој ќе фасцилитира за да се најде начин за уставните измени. Ќе го охрабриме и премиерот и следната Влада за да видиме какво ќе биде решението, да се најде компромис од двете страни“