22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Таравари: Сите се свесни дека не може да се смени Преговарачката рамка, разумен рок за уставните измени се шест месеци

„Имаме поддршка од меѓународниот фактор, што е добро. Се видов и со Ванхојт, кој ќе фасцилитира за да се најде начин за уставните измени. Ќе го охрабриме и премиерот и следната Влада за да видиме какво ќе биде решението, да се најде компромис од двете страни“ рече Арбен Таравари во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека Преговарачката рамка со ЕУ не може да се смени, што е неколку пати потврдено од Брисел, бидејќи таа е прифатена од сите 27 земји членки.

„Разумен рок за завршување на уставните измени се шест месеци. Се надевам дека ќе изнајдеме решение и сигурен сум во тоа“ рече Таравари.

Тој додаде дека во првите 100 дена ќе се види како ќе тера влада и во кој правец ќе се движат работите и додаде дека би поддржале и менување на уставот, пред да се гласа за Владата.

„Имав договор со ДУИ дека сме подготвени, било кој да влезе во Влада, прва точка да биде европскиот пат, односно Уставните измени. Постои таков договор, но не меѓу Ахмети и Влен, туку јас бев човекот кој комуницираше“ рече Таравари.