Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Експлозија и облак во вид на печурка на небото: Инцидент во близина на хемиската фабрика во Украина (ВИДЕО)

Силна експлозија се случи во областа на градот Авдијевка во Доњецката област, каде што се наоѓа хемиската фабрика Коксохим.

Од Доњецк е видлива печурката на небото која настанала од експлозијата.

Авдиевка е под контрола на украинските војници.

Печурката почнала да се појавува на небото веднаш по серијата напади.

Според соопштението на Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот (ЗКЦ), украинските војници од Авдијивка истрелале пет гранати од 122 милиметри кон Верхњеторечка, а од Градов кон населбата Минералноје во ДНР.