22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Страшни сцени во Берлин – автомобил се заби во толпа луѓе, пристигнуваат првите сведоштва

Автомобил денеска влета во група луѓе во Берлин. Податоците за жртвите и натаму пристигнуваат, а бројот на повредени многу варира во различни извештаи. Така, некои германски медиуми пишуваат за десетина повредени, а „Шпигел“ за дури триесетина ранети.

Според „Скај њуз“, најмалку едно лице загинало. „Билд“ пишува дека во несреќата учествувал еден автомобил „рено клио“. Човекот за кој се верува дека е возачот е уапсен. Местото е полно со полицајци и пожарникари.

Несреќата се случила во фреквентен дел од градот полн со продавници, недалеку од местото каде што 11 лица загинаа во сообраќајна несреќа на божиќен панаѓур во 2016 година.

Американскиот актер Џон Бароумен по инцидентот објави фотографии и снимки на „Твитер“.

„Мислам дека бевме сведоци на терористички напад овде во Берлин, но не сме сигурни. Има многу луѓе, телата се насекаде, видовме автомобил кој налета по патот и заврши во излог. Ужасно е“, опиша тој.