14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на Светската здравствена организација: Светот се соочува со сериозни предизвици

Светот се соочува со сериозни предизвици, вклучително и Ковид, војната во Украина и мајмунските сипаници, рече шефот на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус за време на говорот во Женева.

Експерти од здравствената агенција на Обединетите нации се состанаа во еден швајцарски град за да разговараат за појавата на мајмунски сипаници во 15 земји надвор од Африка, објави Би-Би-Си.

Повеќе од 80 случаи се потврдени во Европа, САД, Канада, Австралија и Израел, но ризикот за општата популација е низок.

Сипаници – вирусот кој најчесто се забележува во оддалечените делови на централна и западна Африка – не се пренесува така лесно меѓу луѓето и текот на болеста е генерално благ.

Повеќето луѓе кои се разболуваат од вирусот се опоравуваат за неколку недели, објави британската служба за јавно здравје.

Жешките точки кои избувнуваат во западноевропските земји ги изненадија научниците, а британските здравствени власти издадоа нов совет, велејќи дека контактите со висок ризик треба да се изолираат три недели.

Белгија стана првата земја што во петокот објави тринеделен карантин за заразените лица.

Во меѓувреме, се очекува денеска да има уште нови потврдени случаи во Британија

Можеби ќе ве интересира

Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

M T

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

СЗО со предупредување: Регистрирани се повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји

M T

Раководителот на СЗО за Европа: Забрзајте ја вакцинацијата и воведете маски

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

Експертите на СЗО одлучуваат дали да воведат вонредна состојба поради мајмунските сипаници

M T