11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сеул: Северна Кореја се подготвува за седмата нуклеарна проба

Очигледно Северна Кореја е подготвена за седмата нуклеарна проба, изјави денеска неименуван претставник од претседателскиот кабинет на Јужна Кореја, објавија медиумите во светот.

Пред нуклеарната проба Пјонгјанг би можел да тестира балистички ракети, додал функционерот, пренесува агенцијата „Џонап“.

Владата во Сеул има намера да направи многу детаљни акциски планови за Северна Кореја и други регионални и глобални прашања пред претстојниот состанок меѓу претседателот Јон Сук-јеол и неговиот американски колега Џозеф Бајден, рече функционерот.

Спонзорирано: