8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДСНС Украина/Харков
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Францускиот министер за надворешни работи: Конфликтот во Украина ќе трае, последиците се долгорочни

Светските лидери треба да се подготват војната во Украина да трае и да ги разгледаат нејзините долгорочни последици, изјави францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан.

„Сега треба да се справиме со конфликтот што ќе трае, а со тоа и да се справиме со последиците од овој конфликт на меѓународно ниво на долг рок, особено во областа на стабилно снабдување со храна“, рече Ле Дријан, пренесува Би-би-си.

Францускиот министер за надворешни работи истакна дека лидерите сега треба да се справат со војната во Украина како долготраен конфликт, што ќе предизвика сериозни последици во светот.