Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Ле Дриан: Путин направи четири грешки, ова ќе ја направи војната во Украина долга и тешка

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан зборувајќи за последиците од руската војна во Украина во интервју за француски канал, кажа дека рускиот претседател Владимир Путин направил многу стратешки грешки, особено на почетокот на офанзивата, како што резимира „Le Parisienne“.

Во изјава за „ТВ БФМ“, Ле Дриан предупредил дека војната ќе биде долга и тешка, нагласувајќи дека говорот на Путин по повод годишнината од Денот на победата на 9 мај не донесе ништо ново, пренесува Ал Џезира.

„Руската агресија продолжува, а војната продолжува со нејзините трагедии. Ќе биде долго и тешко, бидејќи Путин е во состојба на негирање и се обидува да ги смени оправдувањата за војната и да ги префрли одговорностите“, рекол тој.

Според Ле Дриан, рускиот претседател направил четири стратешки грешки.

„Прво, а пред се, кога мислеше дека Украина ќе падне без поголеми проблеми, што се покажа спротивно од реалноста. Народот на оваа земја се претвори во народ кој храбро се бори“, кажал тој.

„Друга грешка, беше што господарот на Кремљ мислеше дека реакцијата на Европа ќе биде слаба, но испадна спротивното“, додал францускиот министер пренесуваат медиумите во светот.

Според францускиот министер, третата грешка на Путин е поврзана со неговото уверување дека гледал слабости во Северноатлантската алијанса и дека НАТО всушност уште посилно се придржувал до своите принципи.

Што се однесува до четвртата грешка на Путин, според Ле Дриан тој ја преценил силата на својата армија.