8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Зеленски: Ограничете го доаѓањето на руските туристи, меѓу нив може да биде и убиец oд Буча

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од Албанија да не прима руски туристи.

Тој искажа благодарност до Албанија за солидарноста со украинскиот народ и поддршката дадена за неговата земја во ОН. Зеленски бара да се запре финансирањето на Русија со некупување на нејзините производи. Нагласи дека Русија и натаму убива деца. Зеленски побара од Албанија ограничувања за руските туристи и затворање на пристаништата.

„Иако во ЕУ се разговара за шестиот пакет санкции, руските банки треба целосно да се отстранат од глобалниот финансиски систем. Трговијата со Русија треба да се ограничи, зашто утре, може, да го погоди вашиот пазар кога таа ќе посака. Ограничете го доаѓањето на руските туристи, меѓу нив може да биде и убиец од Буча, затворете ги пристаништата за Русија. Таа е тиранија, таа е закана за целиот свет. Не отстапивме од европскиот пат и се залагаме за обединета Европа и верувам дека кога ќе дојде време Украина да влезе во ЕУ, вашиот глас ќе биде поддршка. Благодарам Албанија, благодарам за поддршката. Слава на Украина!”, заврши Зеленски.

По завршување на обраќањето на Зеленски пратениците станаа од собраниските столчиња и го поздравија со ракоплескање. Украина претходно бараше затворање на небото, но тоа не се случи.Земјата бараше оружје на што многу држави одговорија. Украинските власти цело време повикуваат на ембарго на рускиот гас и нафта со што Русија нема да може да ја финансира војната во Украина.

Спонзорирано: