26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе ја блокирал Македонија преку Собранието – лидерот на ДПМНЕ им се извини на граѓаните за она што ќе следувало

Ако Бугарија ја блокира Македонија однадвор, сега Мицкоски најави блокада и од внатре во време на големата светска криза поврзана со конфликтот на Украина.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска однапред им се извини на граѓаните, за, како што рече, она што ќе следува.

Тој најави дека блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе трае можеби и со недели и месеци, а целта е да ја принудат владата да си замине. На вечерашниот состанок на Извршниот комитет Мицкоски ќе им ја презентира идејата за блокада.

-Во најмала рака ова е процес кој ќе трае повеќе месеци сè додека оваа неразумна влада не се вразуми. Однапред им се извинувам на граѓаните за тоа што ќе следи, но мора да нè разберат дека ни е потребна поддршка и охрабрување за да си ја спасиме Македонија затоа што ако оваа влада остане уште еден ден повеќе Македонија ќе има помалку на сметка на нив. Почекајте, допрва следуваат повеќе чекори, а со ова само започнуваме. Не можам да дозволам иднината на Македонија да се крои во Мала Речица. Иднината ќе ја кројат граѓаните, а не тие кои денеска се таму во Владата, рече Мицкоски.

Ова не е прва блокада на ВМРО ДПМНЕ, оваа политичка партија со години ги блокираше серија закони, особено за време на пандемијата кога поради тенкото мнозинство на власта и заразените пратеници од мнозинството не можеше да се направи кворум.