17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во источен правец

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во источен правец, соопшти во средата јужнокорејскиот воен штаб, јавуваат медиумите во светот.

Анализираат дека Пјонгјанг лансираше повеќе од десет пробни ракети од почетокот на годината, а интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) во март, за прв пат од 2017 година.

Според написите, севернокорејскиот режим има најавено дека ќе продолжи да го развива својот нуклеарен арсенал, игнорирајќи ги повиците на САД за дијалог.

Пробното лансирање, како што е наведено во написите, доаѓа неколку дена пред 10 мај, кога новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол ќе ја преземе функцијата, најавувајќи поостар став кон Северна Кореја.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

M T

Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

M T

Северна Кореја усвои закон за превентивни нуклеарни напади

M T

Папата сака да ја посети Северна Кореја, ги повика властите да го поканат

M T

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

M T