25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спонтан или опозициски собир пред СОНК во обид да продолжи штрајкот?

Дваесетина лица кои се претставиле како наставници попладнево се собраа пред седиштето на СОНК за да го покажат револтот против одлуката на лидерот Јаким Неделков за ставање на штрајкот во мирување.

Тие тврдат дека се собрале спонтано пред седиштето на СОНК и негодуваат на одлуката на синдикатот да го стави во мирување штрајкот на наставниците.

Последната понуда која значеше историски највисоко зголемување на платите на наставниците за 12 проценти, но и враќање на исплатата на К-15 кој беше укинат за време на режимот.

Утре сите треба да се на училиште и професорите на работа. Секое прекршување сноси одговорност и за наставниците и за директорот. Штрајкот од утре е ставен во мирување наредните 20 дена.